ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ЗА АДРЕНАЛИН: Во пустина никна забавен парк со најбрзиот ролеркостер на планетата!

(ВИДЕО) МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ЗА АДРЕНАЛИН: Во пустина никна забавен парк со најбрзиот ролеркостер на планетата!
Kristal

Саудиска Арабија повторно го помести лимитот на можното. За новогодишната ноќ, во близина на Ријад свечено беше отворен гигантскиот забавен парк Six Flags Qiddiya, проект вреден неверојатна една милијарда долари, кој веќе го носи епитетот – најамбициозен во светот.

Срцето на паркот е Falcon’s Flight – ролеркостер што ги урива сите досегашни рекорди. Со висина од 195 метри и брзина што достигнува 250 км/ч, оваа челична „ѕверка“ е прогласена за највисокиот, најдолгиот и најбрзиот ролеркостер на светот. Искусните љубители на адреналин велат: ова не е обично возење, туку тест за храброст.

Паркот се наоѓа во Кидија Сити, футуристички комплекс кој е дел од националната стратегија Саудиска Арабија да стане глобална дестинација за забава, спорт и култура. Во рамки на Six Flags, посетителите можат да прошетаат низ шест тематски светови, со вкупно 28 атракции, меѓу кои пет што поставуваат светски рекорди, интерактивни игри и бројни семејни содржини.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Но, ова е само почеток. До 2030 година, Кидија ќе добие и воден парк Aquarabia, тематски парк инспириран од Dragon Ball, авто-мото спортски патеки и уште многу содржини. Проекциите се спектакуларни: 85.000 нови работни места и економски ефект од околу 11,7 милијарди долари.

Цената за еднодневен билет изнесува 325 ријали (околу 86 долари), со неограничен пристап до сите атракции. За семејствата има специјални пакети, а најмалите влегуваат бесплатно.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo