ПРВ.мк
Свет

ТАЈНО ВРАЌАЊЕ ПОРАДИ БОЛЕСТ: Астронаутите слетаа, НАСА крие што навистина се случило

ТАЈНО ВРАЌАЊЕ ПОРАДИ БОЛЕСТ: Астронаутите слетаа, НАСА крие што навистина се случило
Kristal

Вселенската мисија Crew-11 заврши порано од планираното, откако леталото „Crew Dragon“ на SpaceX утрово безбедно слета во Тихиот Океан, во близина на брегот на Калифорнија. Враќањето од Меѓународната вселенска станица било забрзано за речиси еден месец, поради здравствен проблем кај еден член на екипажот – информација што НАСА ја потврди, но без да открие каква е состојбата и за кого станува збор.

Во капсулата се наоѓаа астронаутите Зена Кардман и Мајк Финке од НАСА, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. Од американската вселенска агенција наведоа дека здравствената состојба е стабилна, но дека поради правилата за медицинска приватност нема да објавуваат дополнителни детали, што веднаш отвори шпекулации и прашања во јавноста.

Слетувањето било извршено точно во 12:41 часот по локално време, по што екипажот бил преземен од спасувачки тимови и пренесен на дополнителни лекарски прегледи, со планиран престој во болница преку ноќ. По ова следуваат стандардни медицински и рехабилитациски процедури во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон.

И покрај предвременото враќање, НАСА истакна дека мисијата била успешна – екипажот поминал 167 дена во орбита и спровел повеќе од 140 научни експерименти. Агенцијата дополнително нагласи дека можноста за итно враќање е предност на соработката со SpaceX.

Во меѓувреме, на Меѓународната вселенска станица останува намален екипаж, а дел од активностите се ставени на пауза до следната ротација.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo