ПРВ.мк
Македонија

СИБИРСКИ СТУД СЕ ПРИБЛИЖУВА: Македонија ќе замрзне до -25°C

СИБИРСКИ СТУД СЕ ПРИБЛИЖУВА: Македонија ќе замрзне до -25°C
Kristal

Подгответе се: од овој викенд Македонија ќе биде зафатена од нови ледени денови! Температурите ќе паѓаат драстично, особено во утринските и ноќните часови, а на некои места термометрите можат да покажат дури и под -25°C. Овој студен бран, кој ќе пристигне од исток и североисток, повремено ќе донесе слаби локални снежни врнежи – доволни за малку магија на земјата, но не и за создавање голема снежна покривка во градовите.

Она што ја прави ситуацијата навистина драматична е најавата за можна Сибирска експлозија од 20 Јануари, која ќе го зафати Балканот и голем дел од Европа. Според анализите, оваа студена воздушна маса ќе биде многу посилна од претходните ледени бранови, носејќи екстремно ниски температури насекаде. Најстудено ќе биде во ноќните и утринските часови, но и дневните температури ќе останат длабоко под нулата.

Снежните врнежи сè уште се неизвесни – иако студот ќе биде жесток, не се очекуваат обилни снежни наноси. Сепак, ова не значи дека ќе биде без последици: мразот и студот можат да предизвикаат големи проблеми за секојдневието и патиштата.

Совет од метеоекспертите: следете ги краткорочните прогнози, кои се со висока веројатност за точност (>90%), за да бидете подготвени и да не ве фати студот неподготвени.

Подгответе се – Сибирска експлозија доаѓа, и ова е вистинскиот момент да ги извадите најтоплите јакни и да се заштитите од ледените денови што следуваат!

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo