ПРВ.мк
Свет

Иран го одби американското барање за прекин на огнот – ова е следниот чекор!

Иран го одби американското барање за прекин на огнот – ова е следниот чекор!
Kristal

Иран наводно отфрлил две барања од специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, за воспоставување прекин на огнот, што ја продолжува неизвесната ситуација на Блискиот Исток.

Според британски „Гардијан“, иранското раководство го одбило прекинот на огнот бидејќи не се чувствува загрозено во конфликтот и смета дека САД сè уште се под политички притисок. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, додаде дека едностраното објавување на победа од страна на Трамп нема да го заврши конфликтот.

Иран инсистира на траен договор кој ќе гарантира дека САД никогаш повеќе нема да ја нападнат земјата. „Доколку треба да се воспостави прекин на огнот, мора да се осигураме дека агресијата против Иран нема да се повтори“, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади.

Министерството за надворешни работи во Техеран разгледува различни опции преку посредници – или едноставно да ја запрат војната како минатото лето, или да се постигне договор со САД, вклучително и условно укинување на економските санкции.

Сепак, според „Гардијан“, атмосферата во иранскиот режим е дека тие ќе преживеат и дека во овој момент не се подготвени да се согласат на прекин на огнот без конкретни гаранции.

Претседателот Трамп изјави на 9-ти март дека, иако Иран засега не сака да разговара, дијалогот е сеуште можен и дека се разгледуваат условите под кои би можеле да се постигнат договори.

Иако војната сè уште не е формално решена, ова одбивање ја нагласува неизвесноста и потенцијалот за продолжување на тензиите во регионот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo