Големи делови од Тетово и околните населби утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на мрежата.
Без струја ќе бидат делови од населбата Деребој, околу новата џамија, како и објектите кај КЕЦ Тетово кон Челјан Комерц, во периодот од 09:00 до 12:00 часот.
Во блок 70, спроти старо ЕДТКО, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, додека дел од селото Ларце ќе остане без напојување од 09:15 до 14:00 часот.
Надлежните апелираат граѓаните да ги прилагодат своите активности за да не бидат изненадени од прекинот.
















