ПРВ.мк
Македонија

ШОКАНТНО: Македонски кол-центри дел од меѓународна измама од 230 милиони евра!

ШОКАНТНО: Македонски кол-центри дел од меѓународна измама од 230 милиони евра!
Kristal

Македонски кол-центри се вмешани во една од најголемите сајбер измами во Европа, со штета што надминува 230 милиони евра. Германија веќе го започна судењето против наводниот лидер на мрежата „Mилтон груп“, Михаил Биниашвили, познат и како Мишка, кој е обвинет за организирана измама и управување со најмалку 400 лажни финансиски платформи.

Според германските истражители, Биниашвили раководел со кол-центар во Тирана, со околу 600 вработени, кои ги убедувале граѓаните од Германија, Австрија и Швајцарија да вложуваат огромни суми на измамнички платформи. Инвеститорите губеле сè, а измамата често била промовирана преку лажни реклами со познати личности и политичари.

Се наведува дека соучесници на Биниашвили биле и поранешни советници и бизнисмени од Балканот, некои од кои сè уште се наоѓаат во странство избегнувајќи екстрадиција. Македонската полиција, преку Секторот за компјутерски криминал, е вклучена во истрагата, но деталите за бројот на кол-центри и осомничени лица во земјата остануваат нејасни.

Во декември 2025 година, водечко лице од кол-центар на „Mилтон груп“ во Македонија беше правосилно осудено на четири години затвор, но јавноста сè уште нема официјални информации за идентитетот и судењето на осудениот.

Германските власти продолжуваат да истражуваат и други членови на криминалната мрежа, која со години ја злоупотребувала довербата на европските граѓани преку лажни инвестиции. Ова откритие ги отвора прашањата за опфатот на сајбер измамите и заштитата на граѓаните од вакви криминални шеми.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo