ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ПЕКОЛОТ ВО КИЕВ ТРАЕШЕ 18 ЧАСА: Луѓе во паника преку прозорците бегаат од пламенот!

(ВИДЕО) ПЕКОЛОТ ВО КИЕВ ТРАЕШЕ 18 ЧАСА: Луѓе во паника преку прозорците бегаат од пламенот!

На социјалните мрежи се појави видео од луѓе кои се обидуваат да избегаат од запалената зграда на украинската Национална академија на науките во Киев по рускиот напад.

Руски дронови денеска го погодија самиот центар на Киев, додека бомбардирањето на украинската престолнина продолжува без прекин. Околу пладне, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека руските беспилотни летала погодиле објекти во градските населби Оболонски, Дарницки и Шевченковски.

Во самиот центар на градот запалена е зградата на Академијата на науките, а во меѓувреме се појави видео од луѓе кои бегаат од пожарот.

Воената управа на град Киев соопшти дека во тој напад загинало најмалку едно лице. Шестмина повредени се задржани во болница, а меѓу нив има и едно дете.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе кои во очај се држат за рамките од прозорците од надворешната страна, додека од зградата сукa густ црн чад.

Новинарите на весникот „Киев индипендент“ јавуваат дека чад се издига од повеќе локации ширум центарот на градот.

Вкупниот број на жртви од денешните напади врз Киев сѐ уште не е познат.

ВИДЕО