Четири лица се повредени денеска кога преплашен коњ упаднал меѓу учесниците на Регионалниот празник на одгледувачите на коњи во местото Горки, во Мазовското Војводство на истокот од Полска.
Две од повредените лица, меѓу кои и едно дете, се пренесени во болница, пренесува „Полсат њуз“.
Според првичните информации од полицијата, коњот бил впрегнат во кочија и изненадно се вознемирил, по што упаднал во група луѓе.
Полицијата соопшти дека 37-годишниот кочијаш не бил под дејство на алкохол.
Во тек е истрага со која полицијата утврдува зошто животното се вознемирило и кои се прецизните околности на incidentot.
Регионалниот празник на одгледувачите на коњи опфаќаше, меѓу другото, дефиле на кочии, натпревари и коњички приредби.








