ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРВ ВАКОВ СЛУЧАЈ: Евтаназирано двегодишно дете - ова е причината!

ПРВ ВАКОВ СЛУЧАЈ: Евтаназирано двегодишно дете - ова е причината!

Двегодишно дете во Холандија било подложено на евтаназија, што според досега објавените информации претставува прв ваков регистриран случај во земјата кај дете помладо од 12 години, а кое не било новороденче.

Детето било родено предвреме, во 26. недела од бременоста, и имало сериозни здравствени проблеми. Според објавените информации, кај него било присутно тешко оштетување на мозокот, церебрална парализа, оштетен вид и епилептични напади кои не реагирале на применетата терапија.

Дополнително, детето имало сериозни проблеми со дишењето поради наталожување слуз во белите дробови, што дополнително ја усложнувало неговата состојба.

Откако лекарите процениле дека страдањето не може соодветно да се ублажи со достапните медицински третмани, лекарот и родителите донеле одлука за прекин на животот.

Пред донесувањето на конечната одлука биле побарани и независни медицински мислења. Во првичните проценки било наведено дека сè уште постојат одредени палјативни и терапевтски можности.

Сепак, дополнително консултираниот лекар проценил дека страдањето на детето е неподносливо и дека се исполнети условите предвидени за евтаназија.

Случајот бил разгледан и од надлежниот холандски комитет. По анализата на постапката, комитетот заклучил дека лекарот постапил со должна медицинска грижа и дека проценката на состојбата на детето била оправдана.

Случајот привлече внимание бидејќи станува збор за прв ваков случај во Холандија кај дете под 12-годишна возраст кое не било новороденче.