ПРВ.мк
Црна Хроника

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО КУЌА: Сопственикот се задушил!

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО КУЌА: Сопственикот се задушил!

Трагичен пожар избувнал утрово во куќа во Берово, при што животот го загубил 83-годишниот сопственик на домот.

Од ОВР Берово информираат дека денеска, 28 септември 2026 година, во 06:25 часот било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на С.Б. (83) во Берово.

На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово, која го изгаснала пожарот.

Според пријавеното, 83-годишниот С.Б. починал како последица на интоксикација од чадот што се создал при пожарот.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Берово.

По настанот, на местото бил извршен увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово. Во тек се активности за утврдување на сите околности поврзани со пожарот и смртта на сопственикот на куќата.