ПРВ.мк
Црна Хроника

МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА: Партнерот ја удрил и со тврд предмет!

МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА: Партнерот ја удрил и со тврд предмет!

Малолетна девојка била физички нападната во централното градско подрачје на Скопје, а според пријавеното, во нападот учествувал нејзиниот партнер.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 27 септември во 16:30 часот во СВР Скопје. Пријавата ја поднел 54-годишниот Ш.Х. од Скопје, кој го пријавил нападот врз неговата малолетна ќерка.

Според пријавеното, инцидентот се случил околу 00:30 часот на подрачјето на Центар. Малолетната девојка, како што било наведено во пријавата, била физички нападната од нејзиниот партнер, кој при нападот ја удрил и со тврд предмет.

Од МВР велат дека полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.