ПРВ.мк
Македонија

Дигитална револуција во здравството: Помалку чекање на шалтери, повеќе внимание за пациентите

Дигитална револуција во здравството: Помалку чекање на шалтери, повеќе внимание за пациентите

 Сашо Клековски, оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на која беа дефинирани клучните насоки за модернизација и дигитализација на здравствениот систем.

За време на средбата, фокусот беше ставен врз Стратегијата за дигитално здравство, забрзувањето на реализацијата на тековните проекти — со посебен акцент на проектот „е-бебе“, како и почетокот на процесот за целосна дигитализација на сите услуги во здравствениот сектор.

„Дигитализацијата не е цел сама по себе. Таа е услов за поголема продуктивност — помалку време поминато на шалтер и во административни лавиринти, а повеќе време за пациентот. Дополнително, електронските процедури обезбедуваат целосна транспарентност и следливост на секоја постапка“, истакна Клековски.

Тој изрази благодарност до министерот Андоновски за соработката и најави дека процесот продолжува со брза динамика и конкретни чекори на терен.