ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ПЕКОЛ НА НАЈМОЌНИОТ ВОЕН БРОД: Нови снимки откриваат што навистина се случувало додека екипажот стравувал дека ќе го изгуби!

(ВИДЕО) ПЕКОЛ НА НАЈМОЌНИОТ ВОЕН БРОД: Нови снимки откриваат што навистина се случувало додека екипажот стравувал дека ќе го изгуби!

Ексклузивни снимки откриваат многу посериозна слика од инцидентот на најголемиот и најнов американски носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, каде избувнал голем пожар за време на воени операции поврзани со Иран. Иако првичните информации од американската морнарица уверуваа дека ситуацијата била брзо ставена под контрола, новите детали покажуваат дека штетата била значително поголема.

Според достапните информации, пожарот избувнал во март, а официјално било соопштено дека двајца морнари се здобиле со повреди кои не биле опасни по живот и дека носачот останал оперативен. Но, снимките кои подоцна се појавија откриваат уништени простории за сместување на морнарите, изгорени конструкции од кревети, оштетени тавани и делови од бродот покриени со пепел и остатоци од пожарот.

Еден од морнарите кој бил присутен за време на инцидентот за медиумите изјавил дека постоел реален страв дека бродот може целосно да биде изгубен. Според неговото сведочење, екипажот се нашол во ситуација во која морал брзо да реагира за да спречи уште поголема катастрофа.

Дополнителна загриженост предизвикале информациите дека автоматскиот систем за гаснење пожар не функционирал како што требало. Според извори запознаени со случајот, морнарите биле принудени сами да импровизираат и да се борат со огнената стихија без целосна техничка поддршка од системите на бродот.

Пожарот траел околу 30 часа, а ситуацијата била доволно сериозна што носачот морал да ја промени планираната рута и итно да се упати кон пристаниште во Грција за привремени поправки. Подоцна било потврдено и дека поминале речиси два дена пред повторно да биде овозможено полетување на авиони од палубата.

Новите информации отвораат прашања дали сериозноста на инцидентот првично била целосно претставена пред јавноста, особено ако се земе предвид дека станува збор за еден од најважните бродови на американската флота.

ВИДЕО

Најнови вести