ПРВ.мк
Македонија

ЛОША ВЕСТ ЗА ОВИЕ ГРАЃАНИ: Исплатата на субвенции ќе биде пролонгирана!

ЛОША ВЕСТ ЗА ОВИЕ ГРАЃАНИ: Исплатата на субвенции ќе биде пролонгирана!

Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот на Сојуз на тутунски здруженија, Кире Ристевски дека исплатата се пролонгира. „Исплатата на субвенциите ќе биде пролонгирана, ја користам приликата да им се извинам на тутунопроизводителите дека ќе закаснат субвенциите за 10 до 15 дена и ќе бидат исплатени во целост. Најмногу до средината на месецот ќе бидат исплатени“, убедува Ристевски. Наместо МЗШВ да им соопшти официјално на тутунарите зошто нема да им бидат исплатени субвенциите во првата недела на јуни, како што претходно и кажаа, тоа за нив го направи Ристески. Па оправдувањето на првиот човек на Сојузот на тутунски здруженија е дека пролонгирањето на оваа исплата е бидејќи работеле на случајот 91 тутунар кој требаше да ги вратат субвенциите за 2024 поради неправилности во прикажувањето на парцелите со тутун, да им се простат парите.