Денеска улиците на Лондон беа преплавени со десетици илјади демонстранти кои се собраа на маршот „Обединете го Кралството“, организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон. Меѓу учесниците беа и поддржувачи на поранешниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон, а се очекуваше присуство и на Ерик Земур, лидер на француската крајнодесничарска партија „Окупирај“.
Демонстрантите носеа знамиња на Велика Британија, Англија, САД и Израел, а извикуваа слогани против премиерот Кир Стармер и за депортација на мигранти, со транспаренти како „Испратете ги дома“ и „Сопрете ги бродовите“. Полицијата распореди повеќе од 1.600 службеници, додека контрадемонстрации беа организирани од групата „Марш против фашизмот“.
Маршот се одржа во време кога имиграцијата стана едно од најжешките политички прашања во Велика Британија, а од почетокот на годината повеќе од 28.000 мигранти го преминале Ламанш во мали бродови. Робинсон го опиша денешниот марш како „прослава на слободата на говорот“ и најави чествување на Чарли Кирк, американскиот конзервативен активист кој неодамна беше убиен.
Видео: