ПРВ.мк
Црна Хроника

ЕКСКЛУЗИВНО: Мозокот зад бруталното убиство на Македонецот Дејанчо е на бегство – Интерпол трага по него

ЕКСКЛУЗИВНО: Мозокот зад бруталното убиство на Македонецот Дејанчо е на бегство – Интерпол трага по него

Боливискиот Интерпол издаде црвена потерница по Пабло Делгадиља, осомничен дека стои зад бруталното убиство на тројца Балканци – Македонецот Дејанч Лазаревски (43) од Струмица, Србинот Миљан Ѓекиќ (38) и Хрватот Марко Шкербец (33). Телата на жртвите беа пронајдени врзани во црни вреќи во Санта Круз.

Потерницата е издадена поради наводната улога на Делгадиља како организатор на злосторството, а шпанските медиуми го нарекуваат „мозокот“ зад убиството. Инцидентот се случил на 12 август 2025 година во округот Петролеро Норте, а според полицијата, жртвите најверојатно биле мачени пред убиството.

Хуан Карлос Басоалто, директор на боливиската полиција, потврди дека Делгадиља се товари за убиство и злосторничко здружување и дека е под итна меѓународна потерница за апсење.

Овој случај предизвика шок и страв во јавноста, а меѓународните власти сега го бараат Делгадиља насекаде.

Escape