Во Мадрид, експлозија во бар на улицата „Мануел Марото“ во населбата Пуенте де Валекас предизвика повреди на 21 лице, тројца од нив се во тешка состојба. Детонацијата, која се случи во 15:01 часот, оштети и станбена зграда над барот.
На местото интервенираа 18 противпожарни екипи, 13 тимови на цивилна заштита и брза помош. Спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на урнатините и се трага по евентуални лица затрупани под остатоците од зграда.