ПРВ.мк
Македонија

Ангелов алармира: Пожарите се хибриден напад, загадувањето не е случајно

Ангелов алармира: Пожарите се хибриден напад, загадувањето не е случајно

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави за Канал 5 дека серијата пожари што го зафатија земјата може да биде дел од хибриден напад. Според него, невозможно е во краток период да се случат толку интензивни пожари кои предизвикуваат сериозно загадување на воздухот, а потоа да се користат за политички цели.

Ангелов појасни дека разговорот со сопственикот на компанијата каде што избувнал пожарот покажал дека електронскиот отпад е тежок за палење и не може сам да се самозапали. „Складиштето постои повеќе од 15 години и досега немало проблеми. Но, тоа е само мој сомнеж“, додаде тој.

Тој истакна дека безбедносните служби активно работат на расчистување на случајот и идентификација на причините за пожарите.

Escape