ПРВ.мк
Македонија

ЖОЛТ АЛАРМ ЗА ЦЕЛА ЗЕМЈА: УХМР најавува силно невреме со дожд и ветер

ЖОЛТ АЛАРМ ЗА ЦЕЛА ЗЕМЈА: УХМР најавува силно невреме со дожд и ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто метео предупредување за утре, поради влијание на влажна и нестабилна воздушна маса.

Според прогнозата, утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Најинтензивни појави се очекуваат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер, особено во источните делови на земјата.

Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер, локално над 60 km/h. Од вторник се очекува стабилно и топло време.

За поголем дел од државата УХМР издаде жолт метео аларм за опасност од невреме, со цел граѓаните да преземат соодветни мерки за заштита.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape