ПРВ.мк
Свет

Шокантно истражување: Сè повеќе Германци позајмуваат пари за храна и секојдневни трошоци

Шокантно истражување: Сè повеќе Германци позајмуваат пари за храна и секојдневни трошоци

Истражување спроведено на барање на британската банка „Барклис“ открива загрижувачки тренд во Германија – голем број граѓани мора да позајмуваат пари за да преживеат.

Повеќе од половина од Германците под 50 години земале заем во последните две години. Најчесто помош бараат од семејството (44%), а дел и од банките (40%).

Додека дел од средствата оделе за автомобили (27%), сè повеќе луѓе позајмуваат за храна (26%) и облека (21,4%). Околу 18% признале дека земале пари „за да се почестат“.

Особено ранлива е младата генерација: над 60% од Германците на возраст од 18 до 29 години позајмиле пари, а третина од нив – за основни потреби. Кај оние меѓу 30 и 39 години, 31,6% истакнале дека заемот бил потребен за покривање на секојдневните трошоци.

Половина од испитаниците позајмиле до 1.000 евра, додека една четвртина земале меѓу 1.000 и 5.000 евра. Дополнително, скоро секој трет Германец очекува дека во следните две години повторно ќе мора да се задолжи.

Истражувањето било спроведено во јули и август, со учество на над 10.000 возрасни лица од цела Германија.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape