ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОК ВО КУМАНОВО: Непознат сторител со бензин нападна „Јагуар“ и „Ауди“ – избега пред да ги запали

ШОК ВО КУМАНОВО: Непознат сторител со бензин нападна „Јагуар“ и „Ауди“ – избега пред да ги запали

Во раните утрински часови на 13.09.2025, во 04:32 часот, во дворното место на Г.Ѓ. во село Долно Којнаре, Куманово, непознато лице со бензин ги испрскало неговите возила „Јагуар“ и „Ауди“ со намера да ги запали. Сопственикот реагирал навреме, по што сторителот побегнал и не успеал во намерата.

Полицијата информира дека веднаш се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.

Escape