Многумина ја гледаат како непотребна и ја фрлаат течноста што се собира на површината на јогуртот, но нутриционистите предупредуваат – тоа е најздравиот дел! Станува збор за сурутка, природен нуспроизвод од ферментацијата на млекото, полна со протеини, пробиотици, калциум и минерали како калиум, бакар, фосфор и цинк.
Сурутката ја користат дури и за протеински прашоци на пазарот. Враќањето во јогуртот ја збогатува хранливата вредност и ја прави текстурата покремаста.
Не сакате да ја промешате? Искористете ја во смути, додадете ја во рецепти или замрзнете ја за подоцна. Стручњаците едногласно велат: немојте да ја фрлате – тоа е најздравајот дел од вашиот јогурт!