ПРВ.мк
Магазин

Тажна судбина на кралицата на музиката: Живот исполнет со љубов и болка а смрт во осаменост

Тажна судбина на кралицата на музиката: Живот исполнет со љубов и болка а смрт во осаменост

Уснија Реџепова, една од највпечатливите музички ѕвезди на просторите на поранешна Југославија, остана запаметена по својот неповторлив глас, харизма и хуманост. Но зад блескавата кариера и насмевката која пленеше, се криеше живот исполнет со големи лични загуби и тешки здравствени битки.

Иако многумина ја обожаваа, таа сакаше само еден маж – својот сопруг, кој ненадејно почина во 2005 година. Од таа загуба никогаш целосно не се опорави.

Во последните години од животот, пејачката се соочи со сериозни здравствени проблеми – операции на срцето, а потоа и долгогодишна борба со тешка болест која ја остави без сила. Последните денови ги минала во тешки болки, прикована за кревет, со кислородна поддршка, сѐ поретко свесна.

На 1 октомври 2015 година, Уснија го загуби најтешкиот бој. Беше погребана три дена подоцна, на сончев ден во Скопје, во муслиманскиот дел на гробиштата Бутел – токму онака како што посакала.

Иако на нејзиниот погреб не присуствуваа бројни колеги, таа засекогаш останува во сеќавањето на публиката преку своите вечни песни. Животот ја казни со болка и осаменост, но музиката ја направи бесмртна.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape