Данска, Франција и Германија се првите земји членки на новата мисија на НАТО за зајакнување на источното крило, по инцидентот кога дваесетина руски дронови навлегоа во воздушниот простор на Полска. Се очекува наскоро да се приклучат и други сојузници.
Данска ќе учествува со авиони Ф-16 и борбен брод, Франција ќе испрати три авиони „Рафал“, а Германија четири „Еурофајтери“ како поддршка на полската авијација. САД ја потврдија својата поддршка пред Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека секој пед од територијата на НАТО ќе биде заштитен.
Од своја страна, Русија инсистира дека дроновите физички не можеле да стигнат до Полска, додека Белорусија тврди дека дроновите го промениле својот правец по блокирањето на системот за наведување. Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека нарушувањето можеби било ненамерно.
Оваа ситуација ја зголеми тензијата на источното крило на НАТО и ја поттикна алијансата на брзо засилување на одбранбените капацитети во регионот.