ПРВ.мк
Македонија

Драма: Криумчар побегна, 13 мигранти најдени во превртено возило

Драма: Криумчар побегна, 13 мигранти најдени во превртено возило

Рано утрото на 12 септември, полицијата од Стар Дојран спречи уште еден обид за криумчарење мигранти. На регионалниот пат кај „Раскрсница Богданци“, полициски службеници забележале патничко возило „рено еспејс“ со германски таблици, во кое биле превезувани мигранти.

Иако полицијата му дала знак за запирање, возачот одбил да застане и продолжил со движење кон Валандово. Кај местото „Валандовско брдо“ го напуштил возилото во движење, кое потоа се превртело.

Во него биле пронајдени 13 мигранти – 11 од Египет и двајца од Турција. За среќа, никој од нив не бил повреден. По проверка, било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило.

Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, а полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот, против кого ќе следува соодветна пријава.

Escape