ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) „БАЈРАКТАР“ СО НОВА УЛОГА: Турскиот борбен дрон сега лансира други дронови кон цели на земјата

(ВИДЕО) „БАЈРАКТАР“ СО НОВА УЛОГА: Турскиот борбен дрон сега лансира други дронови кон цели на земјата

Турската компанија „Бајкар“ успешно тестираше нова борбена функција на познатиот беспилотен авион „Бајрактар ТБ2“, кој сега може да носи и лансира дури 16 помали нападни FPV дронови.

На објавената видеоснимка се гледа како „Бајрактар ТБ2“ полетува од тест-центарот во Кешан, Турција, со по осум дронови „Скајдегер“ поставени под секое крило.

За време на тестирањето биле лансирани два дрона, кои успешно погодиле цели на земјата, додека операторите управувале со нив преку комуникациска врска со поголемото беспилотно летало.

Новата технологија овозможува нападните дронови да бидат пренесени на значително поголеми растојанија, без операторите да мора да се наоѓаат во непосредна близина на борбената зона.

FPV дроновите се релативно евтини беспилотни летала опремени со камери и експлозив, кои масовно се користат во војната во Украина.

Извршниот директор на „Бајкар“, Халук Бајрактар, изјавил дека нивниот вообичаен дострел е околу 15 километри, но со користење на „Бајрактар ТБ2“ како носач и комуникациски посредник, оперативниот дострел потенцијално би можел значително да се зголеми.

Сепак, компанијата сè уште не објавила колку далеку можат да летаат помалите дронови по лансирањето, ниту колку од нив може истовремено да се контролираат.

„Бајрактар ТБ2“ стана светски познат на почетокот на руската инвазија врз Украина, кога украинските сили го користеа за уништување руски оклопни возила и воени конвои.

Со развојот на руската противвоздушна одбрана неговата употреба на бојното поле беше ограничена, но новата функција би можела повторно да му даде значајна улога во современото војување.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА