ПРВ.мк
Свет

КОЈА Е ЖЕНАТА НА КИМ ЏОНГ УН? Нејзиното минато е обвиено со мистерија, а многу детали се кријат од јавноста

КОЈА Е ЖЕНАТА НА КИМ ЏОНГ УН? Нејзиното минато е обвиено со мистерија, а многу детали се кријат од јавноста

Ри Сол Џу, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, важи за една од најмистериозните први дами во светот. Нејзиниот приватен живот е обвиен со тајни, а дури ни точната година на нејзиното раѓање не е официјално потврдена.

Во јавноста првпат се појавила во 2012 година, кога почнала да го придружува Ким Џонг Ун на официјални настани. Според достапните информации, двојката се венчала во 2009 година.

Нејзината возраст и денес останува непозната, а во различни извори се наведуваат 1985 и 1989 година како можни години на раѓање.

Според странските медиуми, Ри Сол Џу потекнува од привилегирано семејство, се школувала во Пјонгјанг, а наводно студирала пеење и во Кина.

Пред бракот, според непотврдени информации, се занимавала со музика и настапувала со познатиот севернокорејски оркестар „Унхасу“.

Мистерија останува и бројот на нејзините деца. Се верува дека двојката има три деца, но јавноста ја познава само нивната ќерка Ким Џу Ае, која првпат се појави пред камерите во 2022 година.

За постоењето на ќерката претходно зборуваше и поранешниот американски кошаркар Денис Родман, кој го посетуваше севернокорејскиот лидер.

Посебно внимание привлекува и нејзиниот луксузен стил на облекување, со елегантни фустани, модерни комбинации и скапи модни додатоци.

И покрај нејзините повремени појавувања на официјални настани, голем дел од биографијата и семејниот живот на Ри Сол Џу остануваат непознати за светската јавност.