Составот на руската делегација на преговорите со Украина во Истанбул ќе биде одреден врз основа на низата прашања дискутирани за време на преговорите – а тие вклучуваат и политички и технички прашања, изјави за новинарот на меиумската грипација ВГТРК, Павел Зарубин, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Делегацијата ќе разговара и за политички и, би рекол, за мноштво технички прашања“, истакна дипломатот. „Значи, составот ќе биде одреден врз основа на ова“, заклучи Ушаков.
Ушаков не одговори дали бил дел од делегацијата. „Јас работам тука“, забележа тој додека се упатуваше кон руско-малезиските разговори во Кремљ.
„Искрено, размислувам од утрово“, се насмевна помошникот на претседателот како одговор на прашањето дали преговорите во Истанбул би можеле да започнат на полноќ на 15 мај. Ушаков потсети дека предлогот на Москва е продолжување на преговорите од март 2022 година „кои беа прекинати од украинската страна по иницијатива на западните колеги и партнери“.
Ушаков истакна дека рускиот генерален конзулат во Истанбул и турските власти го утврдуваат местото на состанокот. Според него, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ветил дека ќе обезбеди „целосно традиционално турско гостопримство“ во телефонски разговор со рускиот челник Владимир Путин.
На прашањето на новинар дали има некакви навестувања за можна средба во Турција меѓу Путин и шефот на Белата куќа Доналд Трамп, Ушаков одговори дека Трамп моментално е на Блискиот исток и е зафатен со сериозни работи таму. „Има многу изјави околу преговорите и треба да видиме како ќе се развива ситуацијата“, додаде претседателскиот помошник.
Истовремено, заменик-претседателот на руската Дума изјави дека составот на делегацијата на Москва за мировните преговори со Украина во четврток во Истанбул ќе биде објавен во среда доцна навечер, додавајќи дека и размената на сите затвореници би можела да биде на маса, откако Киев побара триесеттината руски цивили коишто по урнекот на палестински Хамас од руската област Курск ги киднапираше во Украина да ги замени за припаниците на злогласниот неонацистички баталјон „Азов“ заробени во индустирскиот комплекс „Азовстаљ“ лкрај Мариопул, уште пролетта 2022 година.
„Што се однесува до Истанбул, нема да кажам ништо, сè ќе знаете вечерв“, рече Леонид Слуцки, лидер на Либерално-демократската партија (ЛДПР), во интервју за каналот SHOT на комуникациската платформа Telegram. „Дали навистина ќе менуваме сè за сите (воените заробеници) е прашање што може да биде разгледувано“, рече тој.
Кремљ сè уште не објави кој ќе биде во руската делегација на претстојните преговори со Украина во Истанбул. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека делегацијата дефинитивно ќе биде во Турција во четврток.
„Ќе го објавиме составот на делегацијата кога ќе добиеме соодветни инструкции од претседателот. Досега немало такви инструкции“, рече Песков на прес-конференција.