ПРВ.мк

Кремљ: Нуклеарното оружје нема да помогне

Кремљ: Нуклеарното оружје нема да помогне
Jumbo Banner

Кремљ: Ширењето на нуклеарно оружје во Европа нема да донесе стабилност

Кремљ денеска соопшти дека смета оти проширувањето на присуството на нуклеарно оружје на европскиот континент нема да придонесе за зголемување на безбедноста, предвидливоста и стабилноста во Европа.

„Проширувањето на нуклеарно оружје на европскиот континент е нешто што нема да ја зголеми безбедноста, предвидливоста и стабилноста“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање.

Изјавата на Песков доаѓа како реакција на неодамнешните коментари на францускиот претседател Емануел Макрон, кој најави можност Франција да распореди свои авиони способни за носење нуклеарно оружје во други земји-членки на Европската Унија, јави новинската агенција РИА Новости.

Во својот говор посветен на темата за европското нуклеарно одвраќање, Макрон потенцираше дека Франција е отворена за дијалог, но нема намера да ги преземе трошоците за безбедноста на други земји.

„Сакам да иницирам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите. Тоа нема да значи одземање од она што ние веќе го имаме, а конечната одлука секогаш ќе остане кај Франција. Подготвени сме да ја отвориме оваа дискусија, особено околу распоредување на авиони со нуклеарно оружје во други европски земји“, изјави Макрон.

Изјавите доаѓаат во чувствителен геополитички момент, кога прашањата за европската безбедност и одбранбената автономија стануваат сѐ поактуелни во контекст на руската инвазија врз Украина и глобалната нестабилност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран