ПРВ.мк

Крешник Бектеши да биде пуштен од затвор и да оди во куќен притвор, бара Обвинителството

Крешник Бектеши да биде пуштен од затвор и да оди во куќен притвор, бара Обвинителството
Jumbo Banner

Обвинтиелството бара Крешник Бектеши осомничен во предметот за пожарот во кочански „Пулс“, да биде пуштен од ефективен притвор во куќен притвор. Според обвинителите, тој не може повеќе да влијае на сведоци, па не треба да му биде изречена ниту најстрогата мерка, објави Скопје1.

„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот. Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот, велат од Обвинителството.

Извор: Скопје1

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран