ПРВ.мк

Русија собира нови сили и покрај големите жртви на фронтот

Русија собира нови сили и покрај големите жртви на фронтот
Jumbo Banner

И покрај значителните човечки жртви што ги следат секоја освоена територија, руската војска продолжува со зголемување на своето присуство и мобилизација на нови сили во Украина.

Според проценките на аналитичари, Кремљ прифаќа големи загуби во обид да обезбеди теренски победи кои би создадиле перцепција за сила и надмоќ. Ваквата стратегија, велат тие, има за цел да изврши дополнителен притисок врз Киев во евентуални идни мировни преговори.

Покрај интензивната воена активност, Москва продолжува со засилено регрутирање, градејќи стратешки резерви кои би можеле да бидат употребени не само во контекст на украинскиот конфликт, туку и во можен иден судир со НАТО.

Според извештајот на американскиот Институт за проучување на војната (ISW), руската команда разгледува и неконвенционални тактики, меѓу кои употреба на мотоцикли и цивилни возила во фронтални напади. Целта на оваа тактика е да се минимизира ефективноста на украинските беспилотни летала и да се стекне предност во копнените судири.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран