ПРВ.мк

Вреди со свој кандидат за градоначалник на Кичево, Алили како независен, а ДУИ најавува: Албанците ќе го одбранат Кичево, пак ќе го освојат?!

Вреди со свој кандидат за градоначалник на Кичево, Алили како независен, а ДУИ најавува: Албанците ќе го одбранат Кичево, пак ќе го освојат?!
Jumbo Banner

Адвокатот Шкодран Алили од Кичево ја најави официјално својата независна кандидатура за градоначалник на Кичево на локалните избори во октомври годинава. Во емисијата „Дневен клик“ на ТВ 21 Алили изјави дека ќе побара поддршка од ДУИ и ВРЕДИ. Од ДУИ најавуваат дека „Албанците го одбраниле Кичево и ќе го одбранат пак, оти ќе го освојат повторно“?!

ТВ 21 истакнува: „Запрашан дали ќе бара средби лице в лице за некаков договор, Алили одговори: ‘Би било неразумно ако не го направиме тоа. Неопходно е да ја побараме поддршката од двата политички табора, кои ги имаме во градот Кичево’.“

„На прашањето што ако и актуелниот градоначалник Фатмир Дехари повторно се кандидира, Алили рече дека ‘дојде време да се остави простор за младите’. ‘Би било здраво и за него да направи политичка ротација, да ги мотивира и да ги поддржи младите, за да покажеме што знаеме и што можеме да изградиме.’ – посочи Алили.“

„Од ВРЕДИ најавија дека ќе имаат свој кандидат, а Билал Касами ја оцени кандидатурата на Шкодран Алили како блиска до ДУИ. Алили негираше, потсетувајќи уште еднаш дека е независен кандидат. Се очекува и ВМРО-ДПМНЕ наскоро да го претстави својот кандидат за градоначалник на Кичево.“

Во својата информација со наслов „Фатон Ахмети: ДУИ го бранеше Кичево и ќе го брани пак, и овој пат Албанците ќе го добијат!“ весникот на албански јазик „Лајм“ вчера објави: „ Генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети беше прашан дали Кичево може да се изгуби на претстојните локални избори. Тој одговори отсечно дека тоа нема да се случи, бидејќи ДУИ ја освои општина Кичево заедно со Албанците од Кичево и оние во дијаспората. ‘Албанците од Кичево ќе ја освојат повторно оваа општина!’ – посочи Фатон Ахмети.“

Извор:expres.mk

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран