Два туристички брода се судриле денеска во близина на островот Антипаксос во Јонското Море, недалеку од Крф, а на нив во моментот на инцидентот имало повеќе од 200 патници.
Според првичните информации што ги објавуваат грчките медиуми, нема повредени лица.
На едниот брод се наоѓале 203 патници, додека на вториот имало уште 10 лица.
По судирот било утврдено дека бродовите не претрпеле оштетувања што би можеле да предизвикаат навлегување вода и нивно потонување.
Сепак, тројца од патниците биле префрлени во Здравствениот центар на островот Паксос за медицински прегледи како превентивна мерка.
Засега нема информации што точно довело до судирот на двата туристички брода.







