ПРВ.мк
Свет

Трамп со жестока закана: „Венецуела ќе плати непроценлива цена ако не ги врати затворениците и лудите од САД“

Трамп со жестока закана: „Венецуела ќе плати непроценлива цена ако не ги врати затворениците и лудите од САД“

Доналд Трамп повторно крена прашина со остар напад кон Венецуела. На својата социјална мрежа „Truth Social“ тој објави дека бара Каракас веднаш да ги прифати назад сите затвореници и лица од психијатриски установи, кои, како што тврди, венецуелските власти ги испратиле во Соединетите Американски Држави.

„Сакаме Венецуела веднаш да ги прими сите затвореници и луѓе од најлошите лудници во светот што ги натераа да влезат во САД. Илјадници Американци беа нападнати, повредени, па дури и убиени од овие чудовишта. Изведете ги од нашата земја веднаш, или цената што ќе ја платите ќе биде непроценлива!“, порача Трамп.

Неговата закана доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Каракас. Дополнително, американски воени бродови веќе се распоредени во Карипското Море, официјално за борба против трговијата со дрога. Сепак, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, е убеден дека вистинската цел е дестабилизација на неговата власт.

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите пораки на Трамп би можеле сериозно да ја влошат кризата во регионот и да создадат нова точка на конфронтација меѓу двете земји.

Escape