Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави воведување на „најразорната економска операција која било кога е преземена против некоја земја“. Тој истовремено ги предупреди сите држави кои ќе му пружаат финансиска или друга помош на Иран дека исто така ќе се соочат со „огромни економски последици“.
Трамп во својата објава на социјалната мрежа Truth Social истакна:
„Никој не ѝ даде на Исламската Република Иран поголема можност да постигне договор од мене. За нивна несреќа, не успеаја да ја искористат. Затоа, денеска ја објавувам најразорната економска операција некогаш преземена против било која земја. Ова ќе биде економска војна и изолација од невидени размери. Нивната морнарица ја нема, нивното воздухопловство е уништено, нивнитевоени фабрики сега се урнатини, нивната валута е безвредна, а нивната земја виси на конец.“
Според Трамп, новите мерки опфаќаат целосен прекин на шверцот со нафта, берзанските размени, трансферите на готовина, менувачниците, регистрите на бродови и фиктивните фирми.
Тој ги повика сите сојузници да ѝ се придружат на САД во изолацијата на Иран, нарекувајќи го овој чекор „економски Д-ден“ за да се спречи способноста на Иран да проектира терор и повтори дека Иран „никогаш нема да има нуклеарно оружје“.
Одговор од Техеран Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, реагираше со порака дека американскиот „економски Д-ден“ нема да успее. Тој изјави дека овие закани се само обид за одвлекување на вниманието од внатрешните економски проблеми во САД и предупреди дека дополнителниот притисок врз Иран нема да ги донесе посакуваните резултати.








