Американскиот претседател Доналд Трамп приредил необична атмосфера за време на лет, кога решил со новинарите во авионот да сподели дел од својата омилена музика.
Пред да започне музиката, стјуардеса ги прашала присутните новинари дали сакаат да ја слушнат плејлистата на претседателот. Откако добила позитивен одговор, во кабината бил донесен голем звучник и започнала музичката програма.
Трамп рекол дека лично ги избрал повеќето песни на листата и дека музиката е една од работите што го прават среќен.
„Ги избрав повеќето од нив. Само сакам да ве направам среќни. Ја сакам музиката. Ја сакам добрата музика“, рекол Трамп, додавајќи дека ги сака Елтон Џон и Доли Партон, но и многу различни музички жанрови.
Тоа го покажува и неговиот избор. На плејлистата се нашле песни од кантри, рок и поп-музиката, но и опера и препознатливата влезна музика на ВВЕ легендата Андертејкер.
Меѓу песните што биле пуштени се „Jolene“ од Доли Партон, „You Don't Own Me“ од Лесли Гор, „Wild World“ од Кет Стивенс, „Losing My Religion“ од R.E.M., „Baba O'Riley“ од The Who, „Nessun Dorma“ во изведба на Лучано Павароти и „Fernando“ од АББА.
Необичниот момент од летот привлече внимание на социјалните мрежи, а особено реакции предизвика разновидноста на музиката што ја избрал американскиот претседател.
Видео:






