Педесет и шестгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на улицата „Лука Геров“ во Скопје.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена вчера околу 14 часот во СВР Скопје.
Патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (66) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.В. од Скопје.
Повредената жена била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.







