ПРВ.мк
Свет

Трамп ја „згази“ УСАИД: Милијарди за странска помош исчезнаа преку ноќ

Трамп ја „згази“ УСАИД: Милијарди за странска помош исчезнаа преку ноќ

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) е во процес на затворање. Тој истакна дека од јануари се заштедени десетици милијарди долари даночни средства, а само неколку клучни програми се префрлени под надлежност на Стејт департментот. Рос Ваут е назначен да го води процесот на ликвидација на агенцијата, која според Рубио, „оддавна го загубила својот пат“.

Белата куќа објави дека претседателот Доналд Трамп укинал 15 програми за странска помош со вкупна вредност од 4,9 милијарди долари, кои претходно биле управувани од Стејт департментот, УСАИД и други финансиски инструменти. Работата на УСАИД фактички е прекината уште во февруари, а во март Рубио, како привремен раководител, соопшти дека повеќе од 80 отсто од програмите на агенцијата се суспендирани.

Escape