ПРВ.мк
Свет

Трагедија на Блискиот Исток: Напад врз француска воена единица - ова е бројот на убиени!

Трагедија на Блискиот Исток: Напад врз француска воена единица - ова е бројот на убиени!

Француски војник кој учествувал во меѓународната мировна мисија во Либан загинал утринава во напад на југот од земјата, потврди францускиот претседател Емануел Макрон.

Според неговата објава на платформата X, жртвата е штабниот наредник Флоријан Монторио, припадник на 17. падобрански инженериски полк од Монтабан. Во истиот инцидент биле ранети уште тројца француски војници, кои подоцна биле евакуирани.

Макрон изјави дека првичните информации укажуваат на можноста за одговорност на Хезболах и побара од либанските власти итно да ги идентификуваат и приведат сторителите.

Либанскиот премиер Наваф Салам го осуди нападот и најави итна истрага, предупредувајќи дека ваквите инциденти сериозно ги нарушуваат односите со земјите кои учествуваат во поддршка на Либан.

Од мисијата УНИФИЛ соопштија дека нивна патрола била нападната додека извршувала задача за отстранување неексплодирани убојни средства во јужен Либан. Според нив, нападот бил извршен со лесно оружје од страна на недржавни актери.

УНИФИЛ побара итна истрага од либанските власти и санкционирање на одговорните, истакнувајќи дека безбедноста на мировните сили е клучна за стабилноста во регионот.