ПРВ.мк
Свет

ТЕНЗИЈА ВО СЕУТА: Млади Шпанци се организираа и ги протеруваат мигрантите од Сеута - еве каде треба да ги протераат!

ТЕНЗИЈА ВО СЕУТА: Млади Шпанци се организираа и ги протеруваат мигрантите од Сеута - еве каде треба да ги протераат!

Десетици млади жители на шпанската енклава Сеута излегоа на улиците незадоволни од начинот на кој властите се справуваат со мигрантската криза, при што формирале групи со намера да ги протераат мигрантите од областа.

Според пишувањата на „Њујорк Тајмс“, околу 50 млади мажи се собрале на плоштадот Плаза де лос Рејес во центарот на Сеута, каде што извикувале пораки насочени кон мигрантите кои се наоѓале во близина. По инцидентот, дел од мигрантите се повлекле, а настанала и физичка пресметка меѓу двете групи.

Некои од учесниците биле со покриени лица, а додека се движеле низ улиците извикувале националистички пораки.

Мигрантскиот притисок во Сеута предизвика сериозна криза во градот, откако илјадници мигранти пристигнале на територијата на енклавата, отворајќи прашања за контролата на границите и капацитетите на шпанските институции.

Во меѓувреме, шпанските власти најавија дополнителни мерки за зајакнување на контролата на морската граница меѓу Мароко и Сеута. Како дел од мерките, се планира поставување морска бариера долга околу 500 метри, која ќе биде дополнително обезбедена со пловечки елементи поставени од шпанската Воена морнарица.

Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата и преземање мерки за одржување на јавниот ред и безбедност.