Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово го погоди источниот дел на Индонезија. Шест лица се повредени, додека по уште две се трага.
Земјотресот бил регистриран во 5:58 часот по локално време во близина на островот Флорес, на длабочина од околу 10 километри.
Епицентарот бил лоциран на околу 68 километри северозападно од градот Енда, во покраината Источна Нуса Тенгара.
По силниот главен удар биле регистрирани и неколку последователни потреси. Меѓу нив имало и силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степени.
Според првичните информации, билансот изнесува најмалку 20 загинати и шест повредени, додека две лица се водат како исчезнати.
Станува збор за првични податоци од погоденото подрачје.









