Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според објавените сеизмолошки податоци, епицентарот се наоѓал на Северниот Остров, а земјотресот се случил на длабочина од 280 километри под површината на Земјата.
Потресот бил регистриран на околу 95 километри од градот Хамилтон.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за материјална штета предизвикана од земјотресот.







