ПРВ.мк
Свет

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Падна цената на нафтата!

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Падна цената на нафтата!

Цената на нафтата бележи пад на светските пазари, додека европските берзански индекси денеска остваруваат мешани резултати, а технолошките акции се соочуваат со притисок. Во меѓувреме, цената на нафтата „Брент“ се спушти на околу 104 долари за барел.

Загриженоста поврзана со конфликтот на Блискиот Исток делумно е ублажена откако Саудиска Арабија обезбеди испораки на нафта преку алтернативни транспортни рути, а дополнително влијание има и ослободувањето енергенси од резервите.

Според податоците што ги објави CNBC, фјучерсите на северноморската нафта „Брент“, со испорака во декември, паднале за 1,66 проценти и достигнале цена од 104,31 долари за барел.

Пад е забележан и кај американската сурова нафта WTI, чии фјучерси за испорака во ноември се намалиле за 1,09 проценти, на 94,05 долари за барел.

Иако падот на берзанските цени на нафтата е позитивен сигнал за пазарите, тоа не значи дека веднаш ќе има намалување на цените на горивата на бензинските пумпи. Македонските малопродажни цени зависат и од други фактори, меѓу кои курсот на доларот, трошоците за транспорт и одлуките за регулираните цени.