Жителите на неколку локации во Велес ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради реконструкција и отстранување дефекти на водоводната мрежа. Прекините ќе траат до завршување на работните активности.
Поради неопходни работи за реконструкција на водоводна линија, без вода ќе останат корисниците на улицата „Живко Фирфов“.
Во меѓувреме, поради отстранување дефект на водоводна линија, прекин во водоснабдувањето ќе има и на улиците „Ганчо Хаџи Панзов“ и „Родна Ивева“.
Работни активности за отстранување дефект ќе се спроведуваат и во населбата Керамидна, каде што исто така ќе има прекин на водоснабдувањето.
Од надлежните информираат дека прекините ќе бидат во сила сè до завршувањето на предвидените работи.







