Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 16-годишник од Битола, кој привремено престојувал во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според информациите од полицијата, малолетникот бил затекнат како консумира марихуана за време на претрес во домот на друго лице во Охрид.
По настанот, со 16-годишникот бил извршен службен разговор во просториите на СВР Охрид, во присуство на негов родител.





