Северна Кореја утрово повторно изврши тестирање на балистичка ракета, која беше лансирана кон Јапонско Море, соопшти јужнокорејската армија.
И владата на Јапонија го потврди инцидентот, наведувајќи дека ракетата паднала надвор од јапонската економска зона.
Премиерката Санае Такаичи изјави дека нема информации за повредени или материјална штета, но ја осуди ракетната проба како „неодговорен и дестабилизирачки чин“ кој претставува закана за регионалната безбедност.
Јужна Кореја и САД соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата и дека ќе одговорат соодветно на секоја ескалација од страна на Пјонгјанг.
















