ПРВ.мк
Македонија

Продолжен викенд пред нас – еве кои се последните неработни денови до крајот на 2025

Продолжен викенд пред нас – еве кои се последните неработни денови до крајот на 2025
Kristal

Граѓаните на Македонија наскоро ќе уживаат во продолжен викенд, бидејќи 8 декември (понеделник) – „Св. Климент Охридски“, е прогласен за државен неработен ден за сите. Ова ќе биде последната прилика во годината за подолг одмор пред новогодишните празници.

До крајот на 2025 година преостануваат уште неколку неработни денови, но тие важат само за одредени заедници во државата:

  • За граѓаните од католичка вероисповед, неработен ќе биде 25 декември (четврток) – првиот ден на Божик.
  • За припадниците на албанската заедница, неработен ден ќе биде 22 ноември (сабота) – Ден на албанската азбука.
  • За припадниците на турската заедница, празникот 21 декември (недела) – Ден на настава на турски јазик, ќе биде нивен неработен ден.

Со овие празници, годината полека се заокружува, а граѓаните ќе имаат можност да ги искористат последните денови од 2025-та за одмор, патување или семејно дружење пред стартот на новата година.

Escape