Вулканот Левотоби Лаки-Лаки, кој се наоѓа во регионот Источен Флорес во Индонезија, еруптираше во петокот наутро.
За време на ерупцијата, густ столб од вулканска пепел се издигнал на височина од околу еден километар над кратерот.
Според првичните информации, вулканската активност траела приближно шест минути.
Засега во доставените информации нема податоци за повредени лица или материјална штета, ниту за евентуални евакуации во околината на вулканот.








