Забраната за движење во шумите во Македонија е продолжена и ќе важи до 30 септември 2026 година, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од Министерството ги повикуваат граѓаните на посебна претпазливост, особено во периодот на високи температури и зголемена опасност од појава и ширење пожари на отворен простор.
Продолжувањето на забраната е превентивна мерка чија цел е да се намали ризикот од шумски пожари и да се заштитат шумите и останатите природни ресурси.
Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат ограничувањата и да се однесуваат одговорно при престој во природа.







