Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност.
Во попладневните часови, сепак, наместа ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер, претежно од северен правец. Дневните температури ќе останат високи и ќе се движат од 32 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната дневна температура ќе достигне 39 степени.
Според прогнозата, нестабилноста ќе биде локална, што значи дека врнежи и грмежи не се очекуваат подеднакво во сите делови од земјата.







